Со помош на мултимедијална програма (Windows Movie Maker или било која друга програма) направете видео запис (клип) на тема по слободен избор. Видео записот може да биде реклама, цртан филм, приказна на одредена тема, илустрирање на некоја бајка и сл. Пример за готов проект погледнете на http://11oktomvri-etwinning.blogspot.com каде се објавени видео записите со име: My tipical day by Ema, Македонија, Од “Проект за знамиња“ и мојот омилен видео запис Од проектот “Кулинарски весник“.
Доколку имате прашања слободно поставете ги во делот за коментари.
Проектите да бидат готови до 23.01.2012 година и предадени на часот по информатика на CD. Можете да ги испратите и на мејлот irinaiv2001@yahoo.com.
Учениците кои не се во можност да го изработат проектот за време на зимскиот распуст, од објективни причини, можат истиот да го изработат во кабинетот по информатика (во терминот за дополнителна настава), во договор со наставникот.
Ви посакувам пријатна работа!
околу тестот на 01.11
11 years ago
5 Response to Проект за шесто одделение за сите ученици
Nastavnicke, prvo da vi ja cestitan novata 2012 godina i da vi posakam se najubavo. Vo vrska so proektot, kaj mene na kompjuterot nema programa windows movie maker. Dali treba dopolnitelno da se instalira? Moze li proektot da se snimi na usb ili mora na cd? Pozdrav od Jana Angelovic od VI 3 odd.
Благодарам Јана. Се најубаво и на тебе во Новата година.
Што се однесува до наведената програма, првото прашање до тебе е на кој оперативен систем работиш? Доколку имаш windows, тогаш нема проблем-програмата бесплатно се симнува од интернет. Следи го линкот http://windows-movie-maker.en.softonic.com/ и одбери Free download. Проектот може да се сними и на USB, но често на училишниот компјутер има вируси па....
Поздрав и ако има проблем пишувај :)
Наставничке сакам да ве прашам дали може проектот да се направи во вид на емисија бидејки вие сте кажале дека може да се направи како реклама,цртан филм и сл.Поздрав Андреј Лазаревски од VI-2...
Наставничке дали може проектот да се направи во вид на ТВ емисија.Поздрав Адреј Лазаревски од 6-2 одд.
МОЖЕ! Секоја оргиналност се цени :)
Post a Comment