Првите домашни пристигнаа на мојот мејл

Одлични домашни задачи.
Препорака:изработките ќе бидат МНОГУУУУУУУУУУУУ поубави доколку вклучите и музика во проектот. Тоа се прави многу лесно, а ефектот е одличен. Кој сака може да ја поправи задачата и одново да ја прати.

Проект за шесто одделение за сите ученици

Со помош на мултимедијална програма (Windows Movie Maker или било која друга програма) направете видео запис (клип) на тема по слободен избор. Видео записот може да биде реклама, цртан филм, приказна на одредена тема, илустрирање на некоја бајка и сл. Пример за готов проект погледнете на http://11oktomvri-etwinning.blogspot.com каде се објавени видео записите со име: My tipical day by Ema, Македонија, Од “Проект за знамиња“ и мојот омилен видео запис Од проектот “Кулинарски весник“.

Доколку имате прашања слободно поставете ги во делот за коментари.

Проектите да бидат готови до 23.01.2012 година и предадени на часот по информатика на CD. Можете да ги испратите и на мејлот irinaiv2001@yahoo.com.

Учениците кои не се во можност да го изработат проектот за време на зимскиот распуст, од објективни причини, можат истиот да го изработат во кабинетот по информатика (во терминот за дополнителна настава), во договор со наставникот.

Ви посакувам пријатна работа!